Фудбалерот од средниот ред на Челзи Н’Голо Канте ќе го продолжи својот престој во тимот на „сините“ од Лондон.
Според „Мирор“ менаџментот на Челзи веќе му понудил на 27-годишниот Французин нов долгорочен договор.
Тековниот договор со Челзи му важи до 2021 година.
Канте е во Челзи од 2016 година. Како дел од лондонскиот клуб, тој го освои шампионатот и ФА Купот.
Во тековната сезона, Канте одигра 10 натпревари за Челзи и постигна 1 гол.