Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, изјави дека Јувентус го има еден од најдобрите тимови во Европа.

25-годишниот Белгиец, исто така, не ја отфрли можноста да заигра за некој клуб во Серија А.

-Јувентус е голем проект. Ова е еден од најдобрите тимови во Европа. Тие имаат одличен тренер и извонредни играчи во секоја линија. Се разбира, Кристијано Роналдо се издвојува, но ги следам другите. Дибала станува посилен, а Даглас Коста е исто така добар, нагласи Лукаку.

Запрашан за можноста да оди во Италија одговори:

Серија А? Зошто да не. Можеби тоа ќе се случи.