Тимот на Челзи во понеделник ќе ги започне летните подготовки без менаџер.
Раководството на „сините“ продолжува со преговорите со Дерби и Френк Лампард, но двете страни се далеку од договор.
Лампард се очекува да се појави во базата на „овните“ на почетокот на неделата. Поранешниот англиски репрезентативец има договор со клубот за уште една година. Од раководството на Дерби му дозволија на Лампард да преговара со Челзи, но неговиот договор со тимот од Чемпионшип се уште не е прекинат.
Челзи се очекува да плати 4 милиони фунти надомест за да може да го привлече Лампард како наследник на Маурицио Сари, кој го презеде Јувентус.