Новиот тренер на Челзи, Томас Тухел, сака да го види во тимот напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлин Халанд, пренесува „Дејли мејл“.
Според изворот, германскиот стручњак гледа големи перспективи кај Тами Абрахам, но не му пречи да ја засили напаѓачката линија со 20-годишниот Норвежанец.
Во тековната сезона во Бундеслигата, Халанд одигра 13 натпревари на кои постигна 14 гола и забележа две асистенции.
Тухел дебито на тренерското место во Челзи ќе го има вечер од 19 часот на средбата со Вулвс.