Фудбалската федерација на Франција објави дека сите влезници се продадени за првиот домашен натпревар на репрезентацијата под водство на новиот селектор Зинедин Зидан. Тој го наследи на клупата на „триколорите“ Дидие Дешамп.
Зидан дебито како селектор ќе го има на 25.септември на гостувањето кај Турција во Измир, а првиот домашен дуел ќе биде на „Стад Д’Франс“ против Италија во Лигата на нациите на 2.октомври. Се очекуваат 80.000 гледачи.
Франција во Лигата на нациите е во група со Турција, Белгија и Италија.
Зидан кој како тренер на Реал Мадрид имаше одлични резултати со француската федерација потпиша договор на четири години.




