Македонската машка кадетска ракометна репрезентација ја совлада попладнево Турција со 29-27 и со тоа ја забележа втората победа во групата 1. од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство во Белград.

Избраниците на селекторот Горан Кузмановски резервирано влегоа во дуелот, овозможувајќи им на турските ракометари да дојдат до почетно водство од 8-5.

Македонските ракометари одговорија со серија од 6-2 за прво водство на натпреварот од 11-10, но продолжија со осцилации в играта и на полувреме Турција замина со предност од 15-13.

Второто полувреме почна со по еден гол на двете страни, а потоа македонските ракометари влегоа во посакуваниот ритам и со серија голови дојдоа до највисока предност од 26-20.

Најефикасен во македонските редови беше Бобан Поповски со девет голови, а голманот Ѓорги Николовски запиша 14 интервенции.

Македонските ракометари со триумфот над Турција и вчерашната победа над Италија го задржа максималнито ефејт во групата 1 и остана во трка за пласман до 12 место на Европското првенство кое ќе им обезбеди пласмман и на следнито континентален собир.