Јане ЧЕНТО
Некому му требала „конструкција“ пред потпишувањето на Рамковниот договор. Тој „некој“ дали тоа му требало за да се одложи потпишувањето на Рамковниот договор или да се забрза ќе покаже времето. Масакрот кај Карпалак немаше да се случи доколку врховниот командант не ги слушаше „советниците“ (во тоа време советници му беа Пендаровски и Димитров) пред потпишувањето на Рамковниот договор, ќе напише Генерал Панде Петровски.
Наша должност е вечно да ги зачуваме од заборав и да се потсетуваме, со гордост да се поклонуваме на хероите кои на денешен ден беа кукавички убиени од терористите кои денес се на највисоки државни позиции.

МОНСТРУМИТЕ кои ги направија најголемите ѕверства се денес инсталирани во институциите на државата, исто и оние кои ги наместија овие луѓе да загинат.

ЕДЕН ДЕН ТРЕБА ТОА ДА СЕ ИСПРАВИ!

НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ!

Тие паднаа за Република Македонија.

Нека им е вечна слава на хероите!
Оваа земја раѓала херои и предавници, јунаци и проклетници, македонски. Куршум по куршум те убивал, камен на камен те налегнал, душман по душман те изодел, па се изгорел… Карпалак, Вејце, Љуботен, народе не ги заборавај, јунаци таму загинаа за Македонија. Тој што те предал и проколнал колнат ќе биде до века, пак сонце ќе нè огрее откај планините…
Карпалак и другите ѕверства кои беа направени еден ден треба да добијат разрешница.

Во изминативе 20 и кусур години ние под тепих ги ставивме проблемите за некаков си “мир”….каков е тој мир објаснети им на семејствата на бранителите кои гледаат дека терористите од чија рака загинале нивните сопрузи, синови, татковци, браќа денес се на високи државни функции без да одговараат за ѕверствата кои ги направија.
Ние сме болна држава, ТЕРОРИСТИ дозволиме да ја водат државата а Македонци кои ги ја бранат Македонија ги прогласуваме за терористи.
МОРА ДА ЗАПРЕ ТОА!
Слава на хероите