Зошто историската комисија не излезе да каже што е договорено? Грешката е направена во формирањето на комисијата. Уставните промени можат да уследат по приемот на Македонија во ЕУ. Ние сменивме име и да не поставиме услов, влез во ЕУ веднаш. Требаше тогаш да се заштитиме. На политичарите тоа им е работа, да не убедуваат, преговарачката рамка може да се смени, стотици договори се потпишале до сега, но треба да имате политичари со достоинство, рече Тодор Чепреганнов во вечерашната Само вистина, одговорајќи на прашањето за информациите дека пред неколку денови, меѓовитата бугарско-македонија историска комисија имала средба во тајност.

Чепреганов смета дека самиот тој факт што за средбата се таело и се уште владее молк говори дека можеби е договорено нешто што е наша штета, па власта се плаши од реакциите во јавноста.

Што се днеусва до учебниците по историја кои ги нема, тој вели дека никој не се нафќа да биде рецензент поради новата содржина.

Неговата соговорничка Наташа Котлар истакна дека „ние не создадовме чувство дека оваа е наша задничка татковина и дека никој нема право никого да условува“.

-Како што албанскиот народ е мнозински народ во Албанија, така и овој простор наречен македонска држава има свој мнозински народ – македонски народ со секоја почит кон националните малцинства. Но, дозволивме ние во овие три децении многу фактори одвнатре и однадвор да влијааат на нашите секојдневни и идни однесувања, така што ние ќе си го бараме спасот внатре во нашето општество. Така што и оние што се опозиција и позиција во државата време е да си ги определат своите ставови но за во идинна. Сетете се кога од Шпанија сакаше да се отцепи Каталонија, на стапи во акција Уставниот суд, но и меѓународната ЕУ презема мерки тоа да не се случи. Дали забележавме гостите од ЕУ да реагираат на флоскулите што ни ги праќаат албанските политички претставници? Си молчат. Млако реагираат и претставниците на власта, рече Наташа Котлар.