Заменик-директорката на влијателниот невладин центар – Европски совет за надворешни односи, Весела Чернева во интервју за неделната програма за меѓународна политика на БНР „Сабота 150“ коментира дека земјите од Западен Балкан потонале во сопствените проблеми и не очекуваат каква било помош од Брисел, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Чернева, проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, не само што се сопна, туку се врати назад.
Евроинтеграциите престанале да бидат катализатор за реформи и да ги стимулираат политичарите и луѓето во регионот. Чернева учествува на белградскиот безбедносен форум, на кој била коментирана улогата на Бугарија на секоја средба на многу негативен начин во врска со бугарското вето, кое ги спречи Република Македонија и Албанија да почнат преговори со Европската Унија.
-Довербата драстично е опадната во сите земји од Западен Балкан. Но, кога РС Македонија и Албанија ќе започнат преговори со ЕУ, целата клима на односите со ЕУ ќе се промени, смета Чернева.
Тим составен од европски експерти предводени од неа, пред учеството на белградскиот безбедносен форум, ги посетиле Приштина, Подгорица и Сараево.
Таа предвидува дека акумулацијата на критичните точки на Балканот, особено околу српските заедници, може да стане проблем, наведувајќи ги како пример тензиите во Босна и Херцеговина кои растат во последните месеци и може да кулминираат за две недели.