Чешката партија за слобода и директна демократија (СПД) објави дека другите екстремно десничарски партии денеска во Европскиот парламент ќе објават создавање на нова група наречена Европа на суверените нации, откако политичката група Патриоти за Европа беше основана во ЕП.
Лидерот на СПД, Томио Окамура изјави дека најсилната сила во таа група ќе биде Алтернатива за Германија (АФД), но не прецизираше кој друг би можел да биде член на групата, пренесува Политико, додавајќи дека новата група треба да има барем 23 пратеници од седум различни земји.
-Тоа е добра зделка за нас. Програмата на групата е борба против Зелениот договор, миграцијата и исто така против исламизацијата на Европа. Сакаме овластувањата на Брисел да се вратат на национално ниво, рече Окамура.
СПД има само еден пратеник во Европскиот парламент, Иван Давид, кој претходно беше во групата Идентитет и демократија (ИД), а портпаролката на унгарската европратеничка, Сузане Борвендег од движењето Наш дом потврди дека Борвендег ќе се приклучи на таа група.
Во ЕП е формирана групата „Патриоти за Европа“, која со 84 пратеници од 12 земји стана трета по големина политичка групација во оваа институција на ЕУ.
Водачот на Францускиот национален собир, Јордан Бардела, е избран за претседател на Патриоти за Европа, додека Кинга Гал од партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан е избрана за прв потпретседател.
Како реакција на формирањето на Патриоти за Европа, проевропските сили во ЕП се согласија да блокираат кој било член на новоформираната група и да добијат каков било комитет во ЕП.