Мртвото Специјалното јавно обвинителство и во текот на следната 2020 година ќе има за трошење 3,7 милиони евра народни пари, објави ТВ24.

– Во предлог буџетот за следната година е предвидено СЈО да има на располагање исто толку пари, како и годинава, без разлика што обвинителите и предметите не се веќе таму. Дури 1,2 милиона евра се предвидени за плати на вработените во СЈО, а 2,4 милиони евра за стоки и услуги. Во моментов во СЈО се вработени 90 лица, објавува телевизијата.

Парите за СЈО ги побарала, сега притворената Катица Јанева, додека се уште ја вршела функцијата, а Министерството за финансии е должно да ги предвиди во буџетот и покрај тоа што СЈО е мртво, но мандатот на обвинителството, без обвинители, завршува во септември следната година.