Ова е доказ дека новата Влада е правична и одговорна, работи за интересите на граѓаните, за интересите на работниците, објави вечерва бившиот премиер Зоран Заев и се придружи на четитките од владејачките партии.
– Сега заедно, и работниците и работодавачите (приватен и јавен сектор) да си земат обврска да ја подигнат продуктивноста. Мораме сите повеќе да работиме ако сакаме повисоки примања и повисок економски стандард. Честитки до Владата и Премиерот. Ова е важна и значајна одлука. Голема работа. Браво, објави Заев на неговиот профил на Фејсбук.
Со поздрави и честитки за минималната плата, која и натаму заедно со Албанија е најниска во регионот, се јави и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, министри и други претставници на владејачките партии.