Официјален Вашингтон не му го честиташе роденденот на рускиот претседател Владимир Путин, но ој доби поинаква честитка од САД.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од честитката за 70-тиот роденден на Путин, проектирана на кулата Трамп во Мајами.

– Овој Запад нема морално право ниту да зборува за слободата и демократијата. Среќен роденден, господине претседателе, пишува на англиски и  на руски јазик на облакодерот.

Пред два дена, на 7 октомври, рускиот претседател наполни 70 години.