Тетовската група Војводи денеска во Лешок одбележа 18 години од загинувањето на македонскиот бранител на Лешок од нападот на терористите на ОНА.
– Денеска во село Лешок се одбележаа 18 години од загинувањето на нашиот херој Ѓоко Лазарески, кој во 2001-та година заедно со уште тројца негови другари без поддршка на полицијата и војската ги бранеа своите најблиски, своите соселани, Лешок и Лешочкиот манастир. На сите нас Ѓоко Лазарески треба да ни биде пример за храброст и како се брани својата фамилија, своето село и својата држава кога е најтешко, порачаа тетовските Војводи во својата објава на Фејсбук.
Вечна ти слава хероју, Војводи Тетово никогаш нема да те заборават, објавија Војводи.