Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај.
Сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) од 11 часот е во прекин поради штрајкот на грчките земјоделци. На ГП Меџитлија (Ники) е најавено затворање на сообраќајот за товарни возила и автобуси од 12 часот.
-На граничниот премин „Дојран” сообраќајот се одвива непречено. Времето на чекање за излез од државата е 30 минути. На граничниот премин „Табановце”, времето на чекање за излез од државата е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат информира за намалена видливост до 50 метри поради појава на магла на планинскиот превој Стража.
-На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат, укажува ЈП Македонијапат.
Се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.
Фото: архива




