Ако постојано влегувате од една лоша врска во друга или пак не успевате да најдете партнер, можно е да сте родени во еден од овие четири хороскопски знаци, кои едноставно немаат среќа во љубовта.
Рак
Иако ги бие глас дека се највнимателните партнери во Зодијакот, Раковите немаат среќа во љубовта и тоа најмногу поради нивна вина. Кога ќе се вљубат подготвени се на таа личност сè да ѝ пружат, па поради наивноста неретко остануваат повредени и со скршено срце.
Девица
Еднаш откако ќе се изгорат Девиците стануваат многу внимателни и не се брзаат да влезат во нова врска, додека не се целосно сигурно дека нема да им биде скршено срцето. Но,токму поради целата таа внимателност Девиците се во состојба да ја испуштат љубовта на нивниот живот.
Јарец
За разлика од споменатите хороскопски знаци кои самите себе се кочат во пронаоѓањето на љубовта, Јарците обично имаат проблем со лош тајминг и често ја запознаваат вистинската личност во погрешно време или обратно.
Риби
Наивните Риби имаат премногу доверба во луѓето поради што често завршуваат во врска со погрешни луѓе, кои воопшто не им одговараат. Тоа обично резултира со скршено срце, но карактеристично за нив е што не учат од сопствените грешки па често повторно градат врска со погрешен човек.