Во последната деценија Албанија ја напуштиле четири илјади лекари од општа пракса но и специјалисти по одредена медицинска гранка.
„Албанските лекари секој ден се повеќе се стремат да заминат во земјите на Европската Унија, а прво место зазема Германија. Заминувањето на лекарите започнува со либерализација на визниот режим и сега тие формираа федерации на албански лекари во Европа, што изготви студија за причините за напуштање на матичната земја, наведува Топ чанел.
Во студијата се наведуваат причините кои ги натерале белите мантили да заминат од Албанија.
„Една од причините се лошите услови во кои работат лекарите поради недостигот на инфраструктура. Тука секако се и ниските плати споредено со оние кои ги добиваат во западноевропските земји, како и поголемите можности за нивно усовршување, се наведува во студијата.
При тоа се додава дека платата на лекар во Германија се движи од 4.500 до 10.000 евра, во зависност од специјалзацијата што ја има.
Многу поголема е бројката на медицинските сестри кои ја напуштиле Албанија.
Според Елсон Јачај, претседател на друштвото на медицински сестри во Албанија, само во последните три години земјата ја напуштиле околу девет илјади медицински сестри.