Четворица Романци се соочени со затворска казна во Италија откако заклале прасе во двор за време на Нова година.
Зачувување на празничните традиции може скапо да ги чини четворица Романци кои живеат во Италија. Тие заклале прасе во дворот на куќата каде живеат, без да се усогласат со законите што предвидуваат сторги норми при убивање животно.
Објавата на информацијата од весникот „Месаџеро“ предивзика лавина реакции на Италијанците на социјални мрежи кои повикаа „четворицата Романци да бидат третирани како што тие го третирале прасето“.
Несреќното славење се случило во реонот на градот Анцио. Полицијата била повикана од соседите. Под закана се од затворска казна од 6 месеци до една година, и парична казна од 150.000 евра.