Раперот Снуп Дог му понуди дом на кучето, кое има исто име како неговото, а кое беше напуштено на улица.

Снуп Дог се понудил да го земе кучето Снуп, кое беше напуштено од неговиот сопственик само неколку дена пред Божиќ.

Раперот се приклучи на луѓето, кои му понудија дом на Снуп, откако кучето беше фрлено на улица од непознат човек.

Снимката објавена од страна на здружение кое се грижи за животните од Англија, покажа како Снуп очајно го брка автомобилот откако беше оставен на улица.

Видеото, кое го обиколи светот, ги растажи љубителите на животни, а очигледно и Снуп Дог.