Фудбалерите на Ајнтрахт во четвртфиналето на Лигата на Европа ќе играат против Бенфика, одлучено е денеска со жрепката во Нион.

Во дербито, Наполи ќе игра против лондонскиот гигант – Арсенал. Во останатите натпревари се шпанскиот дуел Виљареал – Валенсија и Славија Прага – Челзи.

Наполи / Арсенал – Виљареал / Валенсија и Ајнтрахт / Бенфика – Славија / Челзи се натпревари во полуфиналето.

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 11 април,реваншите седум дена подоцна, додека полуфиналето ќе се одигра на 2-ри и 9-ти мај.

Финалето е на 29 мај на Олимпискиот стадион во Баку.