Уругвај против Франција и Бразил против Белгија се денешните двојки во четвртфиналните дуели на Светското првенство што се игра во Русија. Ждрепката сакаше токму едни од најсилните латиноамерикански и европски селекции да играат едни против други.
Првиот меч меѓу Урагвајците и „галските петли“ е закажан за 16 часот, а „караоките“ против „црвените ѓаволи“ ќе играат од 20 часот.
Додека сите очекуваат врвен фудбал, други на пример се прашуваат дали Нејмар повторно ќе се превиткува на теренот, или, пак, ќе се фати за работа и ќе даде три гола, потребни за да добие убава земја, која градот Казан ќе му ја подари ако постигне хет-трик.
Има и една друга интересна работа која покажува колку фудбалот е присутен во секојдневниот живот. Извесен Стив Сатклиф до спортската редакција на Би-би-си испратил негово пресметување со бројот на буквите во имињата на сите репрезентации-четврфиналисти. Тој забележал дека сите до една имаат шест или седум букви, дека мечевите се играат на 6 и 7 јули, а дека шест плус се 13 колку што има зборови во Се врaќа дома.
Пораката во името
France: 6 letters
Uruguay: 7 letters
Brazil: 6 letters
Belgium: 7 letters
Sweden: 6 letters
England: 7 letters
Russia: 6 letters
Croatia: 7 letters
Games to be played on 6 & 7 July
6+7 =13
13 letters in
It’s coming home