Вардар денеска соопшти дека потпишал договор со бразилскиот фудбалер Вилијан Лира Соуза. Овој 25-годишниот напаѓач ќе настапува во дресот на „црвено-црните“ во следните две години.

Во Скопје доаѓа од тимот Сао Бернардо, каде настапувал во последните шест месеци.

Тој изрази задоволство од договорот и нема трпение тимот да почне со натпреварите.

– Знам дека станува збор за најдобриот клуб во Македонија кој секогаш има високи амбиции и цели како на домашна, така и на меѓународна сцена. Се надевам дека со моите настапи и голови ќе придонесам Вардар да дојде до титулата, како и до успешни настапи во Европа. Исто така посакувам брзо да се наметнам кај стручниот штаб и очекувам добро да бидам прифатен од моите нови соиграчи, изјави Вилијан Лира по потписот на договорот.