Д-р Андон ЧИБИШЕВ

Жална слика во македонското здравство.

Повеќе од една година нашите и главите на нашите најмили во торба ги носевме. И се уште секојдневно ги носиме. Затоа,
нема да добиеме К 15, нема покачување од 5 % на платите, нема бонуси, нема организирана рехабилитација на нашите колеги и соработници кои работејќи во ковид центрите прележаа тешки форми на болеста и последиците по нивното здравје се уште ги чувствуваат.
Ама замислете, некои од нас добија БЛАГОДАРНИЦИ од Лекарската комора.
Ејјјјјј, благодарници.