Д-р Андон ЧИБИШЕВ во „Што не е јасно“ со Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ
…Луѓе кои никогаш не работеле во образование, ќе прават план како да се учи во новата учебна година. Требаше да се направат тимови, да се посетат сите образовни институции, од најниско ниво до највисоко ниво. Да се видат условите кои ги поседуваат соодветните институции. Денес имаме училишта кои немаат соодветни санитарни простории. Каде тие деца ќе одржуваат хигиена. Ние ќе им кажеме во протоколот – миење раце дезинфекција, па влегување во училница, но… Друго, има училишта кои немаат соодветни училници во кои не можеме да создадеме услови во кои децата ќе седат на два метра растојание, секако маски ќе носат, но на два метра растојание.
Тоа требаше да се направи па потоа да се задолжат сите просветни работници, да направат елаборат за своите методски единици, што може да се учи он лајн, што е поважно да оди комбинирано и што е многу важно што мора да оди со физичко присуство.
Од тие комбинации на предлози можеше да се извлече најдобриот предлог и мислам, според мене, ќе беше најдобро организирана наставата.
… Ние на 2 август немавме никаква информација како ќе се одвива наставата. На само 10-тина дена пред почетокот на учебната година. Можеби несреќен момент е што имавме парламенарни избори на 15 јули, но и пред тоа, без оглед на кампањата која беше поинаква, институциите и тогаш требаше да функциоираат и да ги ангажираат вработените да работат на овој проблем. Ние изгубивме време во кампања, па славевме после изборите, па потоа се пазаревм кој ке биде министер… и се изгуби многу време. И сега кога почна учебната година бараме решение како да се изведе сето тоа. Малку несериозна работата…
… Не сум слушнал во последниот месец директно соопштение од Комисијата за заразни болести. Јас очекував тие да не информираат што се случува на теренот. Но, кај нас работата оди така како што не треба. Комисијата даваше предлози, но Владата работеше според политички моменти…