Судскиот совет денеска за судии на Управниот суд ги избра поранешен претседател на Државна изборна комисија,  Александар Чичаковски и кандидатката од Академија за судии и јавни обвинители, Елеонора Хамулиќ Ајро.

Како што соопшти Судскиот совет на денешната седница избрани се претседатели на Основен суд Битола со одделение во Демир Хисар, Основен суд Велес, Основен суд Делчево, Основен суд Кавадарци, Основен суд Кичево со одделение во Македонски Брод, Основен суд Крива Паланка, Основен суд Прилеп, Основен граѓански суд Скопје и Основен суд Штип.

Судијата од Управен суд, Исмета Амет е избрана за претседател на Виш управен суд.