Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е во официјална посета на РС Македонија, објави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

– Се радувавме во 2017 кога Црна Гора стана 29. членка на НАТО, наскоро ќе го прославиме сојузништвото, објави Шекеринска на Фејсбук.

Таа објави и фотографии од пречекот на Ѓукановиќ со највисоки државни почести во Република Македонија.