Ги познавам скоро сите македонски политичари и пијам ракија со нив на маса, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

– Тие на маса се многу добри Бугари, но кога ќе дојде време да донесат одлуки, станува тешко, тие почнуваат да се расправаат и објаснуваат дека не може да се говори за заедничка историја, изјавува Каракачанов за бугарските медиуми.

Тој го задржува ставот дека Бугарија не треба да брза со давањето поддршка за датум за ЕУ за Македонија.

– Моето трпение одамна заврши. Скопје не може да измислува нова историја и да го малтретира бугарското малцинство. Јас се занимавам со ова прашање веќе 30 години“, вели Каракачанов.

Вицепремиерот Каракачанов потсетува дека Бугарија има многу лостови за влијание и треба јасно да каже „не“ на поканата на Македонија за членство во ЕУ.

– Бугарија задолжително мора да ја штити својата историја и тој ќе го стори. Целиот идентитет на комунистичката Југославија се засноваше на фалсификати на бугарската историја, вели Каракачанов.

Тој додава дека „љубовниот период со Скопје заврши“.

– Мора да ги користиме сите механизми. Сите земји што станаа членки на ЕУ во последните 20 години ги исполниле условите, вклучително и Бугарија, вели Каракачанов.