Демонстрантите во Париз палеа мотоцикли и запалија барикади вчера на булеварот Сен Жермен на протестите против високите трошоци за живот и наводната рамнодушност на претседателот Емануел Макрон.
Најновите протести на „Жолтите елеци“ почнаа мироно, но дел од демонстрантите почнаа попладнето со насилства и фрлаа кон интервентната полиција која блокираше мостови преку Сена.
Камери забележале момент во кој еден од демонстрантите со раце му се спротистави на интервентен полицаец.
Полицијата употреби солзавец за да спречи демонстрантите да ја преминат реката и да дојдат до Националното собрание.