Професорот на Правниот факултет – Гордан Калајџиев предмалку на Фејсбук напиша дека членовите на Комисијата за помилување поднесуваат колективна оставка од позициите.

-Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, објави универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, на својот фејсбук профил.

-Со почит,
Проф. др. Методија Каневчев, Проф. др. Гордан Калајџиев, Проф. др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Ајтен Шаќири.
26.10.2024 година, пишува универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.