Запленетиот фамозен путер кој го „откри“ вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, денеска беше уништен во депонијата Дрисла.
Станува збор за 4,5 тони путер кој бил со поминат рок.
Путерот, чиј увозник е млекарницата „Евро Млекара“ од Скопје, беше повлечен бидејќи е утврдено дека рокот на декларацијата не соодветствува со увозната документација за производот според која рокот на употреба бил до 2019 година.