Лешочкиот манастир денеска доби паркинг за 100-тина возила, а на свеченоста по тој повод учествуваше „пола Влада“.

На денешното свечено пуштање во употреба на овој проект лента сечеа вицепремиерот Љупчо Николовски, минстерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, градоначалникот на Теарце, Исеан Асани, директорот на Бирото за рамномерен развој Рамиз Реџепи, директорот на Специјалната болницата за белодробни заболувања Исмаил Ваити, свештеници и претставници од МПЦ и други гости.

– Владата сметаше дека овој проект има значење за развојот на овој регион и одобри средства во висина од 3,5 милиони денари, изјави на свеченото отворање министерот Милевски.

Денешниот „владин чочек“ беше за асфалтирање на паркинг со површина од 2.300 метри квадратни кој има стотина места за автомобили и неколку автобуси.