Портпаролката на рукото Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека лажна е веста на „Билд“ дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се вратил во Москва на половина пат до Пекинг.
– Германскиот весник „Билд“ пласира лажни вести, пишувајќи дека „Лавров синоќа долета за Пекинг, но претседателот му нареди на министерот да се врати“, напиша на телеграм портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.
Како што објасни таа, во написот се тврди и дека авионот со Лавров наводно го прелетал Новосибирск и слетал на аеродромот Внуково.
Лавров во Министерството работеше до доцна синоќа, а рано утринава почна да се подготвува за преговори со колегите од Блискиот Исток во Москва, додаде Захарова.
Повеќе медиуми денеска ја пренесоа оваа вест за која официјална Москва тврди дека е лажна:INA
Насред летање, негде над Сибир, авионот со руската делегација кој требаше да слета во Пекинг свртел и се вратил назад во Русија, пишува Билд, а пренесоа повеќе медиуми.
Во авионот бил првиот човек на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој наводно се налутил поради денешната неформална подрршка која Кина ѝ ја даде на Украина со изјавата на кинескиот амбасадор во земјата дека „Кина никогаш не би ја нападнала Украина, таа е наш пријател“.
„Господин Њет“, како што беше наречен Лавров, се вратил и слетал на аеродромот Шереметјево во Москва. Но, сепак, зошто точно Лавров ја откажал посетата по 2.800 поминати километри во воздух?
Можеби ќе ве интересира
Се шпекулира и дека е можно Кина да одбила да го прими шефот на руската дипломатија, а некои, пак, велат дека директивата за враќање дошла лично од Владимир Путин. Според оваа верзија, Москва, наводно, во претходните денови побарала од Кина воена и економска помош.
Сепак, официјални лица од двете земји одбија да ги потврдат овие наводи.