Огнената стихија, која вчера ги шокираше не само Французите, туку и светот, безмилосно гореше со часови, уништувајќи сегментите на историската катедрала Нотр- Дам. Огнот беше толку силен што пожарникарите дури утринава можеа да пристапат внатре во зградата, но она што таму ги дочека беше толку неверојатно, што стана една од главните теми на светските медиуми.
Изгорени дрва, засекогаш уништени артефакти, рушевини, пепел, општа катастрофа, а во средина на сето тоа – недопрен централниот крст. Тоа беше сцената, која ги пречека припадници на Париската противпожарна служба, кога успеаја да влезат внатре во зградата.
За среќа, неверојатната сцена е фатена и од окото на камерата, така што нема да остане само како дел од сеќавањето на луѓето кои го ризикуваа животот вчера, во обид да спасат еден од симболите на Париз.