ЧУЛЕВ: Департизацијата на МВР од Спасовски наиде на потсмев, хумор и сатира на социјалните мрежи и меѓу полициски службеници

/ 08.10.2022

Уште едно грубо, дрско и безобразно замајување на јавноста и меѓународна заедница. Читам и не можам да поверувам. Оливер Спасовски, зборува за департизација на министерството за внатрешни работи во време во кое најголемиот дел од раководните и советнички позиции во Министерството за внатрешни работи се пополнуваат со актуелни или поранешни функционери на партијата СДСМ, реагира Наќе Чулев, поанешен министер и познавач на состојбите во МВР.

Во продолжение следува неговиот статус објавен на Фејсбук:

За која департизираност зборува Оливер Спасовски кога, неговиот најблизок соработник и актуелен шеф на кабинет, како што може да се види на фотографиите е актуелен член на раководството на организацијата на СДСМ во Куманово, а воедно и донатор. И не само тој уште стотици, можеби и илјадници позиции во хиерархијата на МВР се пополнети со луѓе од оваа партија. Зарем доскорешните градоначалници кои неодамна беа „згрижени“ во полицијата се луѓе кои не се членови на СДСМ. Дали ова значи департизација на полициските структури? Дали поставувањето на поранешните градоначалници за инспектори, значи департизација на полициските структури.

Го повикувам Оливер Спасовски да ги провери фејсбук групите каде членуваат полициските службеници и да провери со какво ниво на неверување,  хумор и сатира се споделуваат овие негови изјави. Да види дали воопшто некој во Министерството за внатрешни работи и во пошироката јавност верува во лагите кои тој ги кажува во медиумите.

Доста е празни флоскули и сеење празна магла. Обврска на секој Министер за внатрешни работи е пред граѓаните да ја говори вистината. Тоа е чесност, одговорност и отчетност. Така се гради транспарента полиција. Токму поради тоа го повикувам првиот човек на Министерството за внатрешни работи да ја повлече оваа неумесно дадена изјава и за извини на граѓаните за невистините информации кои тој ги пласира во јавноста или да го примени Законот за внатрешни работи, поднесен токму од него, и им даде отказ на “професионалците” во МВР кои тој ги донесе.


Од истата категорија