Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев рече дека утрово имало седница на главниот Координативен кризен штаб каде што биле дискутирани предлозите на Комисијата за заразни болести, а во текот на денот се очекувала седница на влада на која што треба да се донесе конечна одлука во однос на мерките за продолжениот викенд.
-Мојот став е дека секое продолжување на ограничување на движењето на луѓето, вклучително и овој пат кога е во траење од 58 часа не е добро од причина што граѓаните се под интензивен притисок бидејќи овие мерки траат повеќе од два и пол месеци и секое продолжување на движењето не е добро за нивното психофизичко и ментално здравје, изјави министерот Чулев за ТВ Сител.
Чулев истакна дека е против воведување на 58 полициски час, укажувајќи дека мора да има одреден период од деновите каде што граѓаните ќе можат да ги извршат своите приватни обврски.
-Јас го кажав мојот став на главниот координативен кризен штаб, а тоа е дека мора да има одреден период од денот каде што граѓаните ќе можат да се релаксираат и да ги извршат сите оние приватни обврски кои што ги имаат. Значи да нема ограничување во текот на денот од 58 часа во деновите недела и понеделник, додаде министерот Чулев.