ЧУЛЕВ: Македонија ќе ја затвори границата ако мигрантскиот бран тргне!

/ 07.03.2020

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од Тетово каде што беше во посета на Секторот за внатрешни работи истакна дека во насока да се спречи нов мигрантски бран ќе се затвори целосно јужната граница. Оценува дека има подготвеноста за таква постапка.

-Македонија е во постојана комуникација и со ФРОНТЕКС и со нашите партнери од Европската Унија. Македонија дефинитивно ќе ја затвори граница и ние имаме капацитети во однос на претходата мигрантска криза и сега сме многу подобро подготвени. Имаме и партнерски полицајци во заеднички патроли на јужната граница. Во моментот има 131 полицаец од осум држави и имаме материјално технички средства. Ќе дадеме максимум за да ја затвориме нашата границата и да спречиме нов мигрантски бран кон територијата на нашата држава и со тоа и кон територијата на ЕУ, истакна Чулев.

Засега според министерот иако има прогласено кризна состојба на јужната и северната граница, на јужниот дел состојбата е стабилна.

-Нема посебни нарушувања. Внимателно ја следиме состојбата на турско-грчката граница за таа цел управувачкиот комитет донесе одлука да зголеми бројот на полициските сили на јужната граница и истовремено е зголемен бројот на армиските сили, ја обновуваме жичена ограда и правиме пристапни патишта, истакна Чулев.

 


Од истата категорија