Наќе ЧУЛЕВ

Во однос на видеото објавено на социјалните мрежи, а на кое се гледа како полициски службеник применува физичка сила, сакам да ја информирам јавноста дека веќе разговарав со надлежните во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кои согласно законските прописи, веднаш ќе постапат за да го истражат случајот и да утврдат евентуален виновник.

Како министер за внатрешни работи нема да дозволам злоупотреба на полициските овластувања, особено врз малолетни лица.

Јавноста навремено ќе биде известена за исходот од спроведената внатрешна истрага.