Градиме нови генерации на една модерна, иновативна, инклузивна, компатибилна, истрајна и победничка ДУИ, како што се бара денес, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Тој денеска присуствуваше во Струга на обуката организирана од огранокот на ДУИ во Чаир, во соработка со НДИ и ИРИ.

– Девојките и момците што се приклучија на нашата визија, и кои ги креираа нашите успешни политики што се прифатени од граѓаните, донесоа последователни победи од 2002 година и ќе ја донесат и новата победа на 12 април, рече Ахмети.