Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи беше во работна посета на Битола, каде што беше и во РЕК Битола. Тој истакна дека до МВР дошла пријава дека поранешниот директор на РЕК ја злоупотребил службената положба и изнуда од правно лице кое на незаконски начин за јавна набавна склучило договор за извршување услуги со РЕК.
Денес бев во работна посета на Битола. Во рамки на изјавата за медиумите ја информирав јавноста за постапувањето на Одделот за организиран криминал по пријава која се однесува на претходниот директор на РЕК Битола, а сегашен директор на ЕСМ, а истовремено и висок функционер на СДСМ.
Согласно пријава доставена до Министерството за внатрешни работи, претходниот директор и потесното раководството на РЕК Битола сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и изнуда од правно лице кое на законски начин врз основа на законска постапка за јавна набавка склучило договор за извршување услуги со РЕК Битола.
За конкретниот случај од страна на Одделот за организиран криминал доставено е известување до Основото јавно обвинителство кое треба да даде насоки за целосно расчитување на овој случај. Го повикувам ОЈО да постапи по известувањата доставени од наша страна, а во насока на целосно расчистување на случајот, напиша Чулев.
Генералниот директор на ЕСМ и поранешен директор на РЕК битола, Васко Ковачевски пак, ги отфрла денешните обвинувањата кон него, велејќи дека се неосновани.
-Неоснованите обвинувања од страна на министерот Наќе Чулев се уште еден доказ за злоупотреба на полицијата за партиско-политички цели на ВМРО ДПМНЕ. Ги одбивам денешните негови обвинувања, не се точни. Помина времето на МВР ВМРО кога се правеше хајка и се оцрнуваа неподобните за нив. Кога веќе Наќе Чулев сака да бара криминал му препорачувам да се позанимава со владеењето на Христијан Мицкоски како директор на АД ЕЛЕМ сега ЕСМ и да ги истражи тендерите за набавка и увоз на електрична енергија по енормно високи цени и ангажмани на неговите пријатели како адвокати како консултанти, изјави Васко Ковачевски, Генерален директор на АД ЕСМ.