ЧУЛЕВ ВО ТЕТОВО: Овие луѓе ја штитат цела нација, овој пат од невидлив непријател

/ 30.03.2020

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вечерва во Тетово ги посети полициските службеници кои на повеќе пунктови преземаат активности за контрола на спроведувањето на мерките за ограничување на движењето, донесени од страна на владата.

-Сега, повеќе од било кога важно е да веруваме во полициските службеници, да ги поддржуваме и да соработуваме со нив, затоа што тие се луѓето кои имаат тешка и одговорна задача. Тие имаат обврска со активностите кои ги преземаат да дадат личен придонес и да застанат исправени пред обврската која им е доверена, а тоа е да ја заштитат целата нација од невидливиот непријател со кој се бори државата, но и целиот свет. Јас како министер за внатрешни работи убеден сум дека тоа го прават со сето свое срце, напиша Чулев на Фејсбук.


Од истата категорија