Наќе ЧУЛЕВ
Денеска на скопскиот аеродром пристигна донација од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи, а која се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра. Станува збор за прва донација која ја добива Министерството за внатрешни работи од земја која е членка на Европска унија и НАТО.
Имајќи предвид моментот во која таа доаѓа истата е од исклучително значење за нас. Во оваа прилика сакам пред се во мое име да се заблагодарам на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за личното вложување и личниот ангажман во овој процес, а во име на Министерството за внатрешни работи да се заблагодарам на словенскиот премиер Јанез Јанша и нашите пријатели од Словенија. Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот.
Министерството за внатрешни работи останува посветено во процесот првенствено за соодветна контрола на спроведување на мерките и одлуките кои се донесени од страна на Владата, а потоа и во обезбедување на соодветна заштитна опрема за своите вработени, се со цел соодветна превенција од пандемијата со која се соочуваме.