Едно медицинско лице од Инфективна заразено

/ 03.04.2020

Едно медицинско лице од Клиниката за инфективни болести е позитивно на коронавирус, соопшти на попладневната прес конференција министерот Венко Филипче.

-На Инфективната клиника има еден медицински техничар позитивен на коронавирусот. Направена е епидемиолошка анкета, кој биле неговите контакти и ќе се одреди кој треба да биде тестиран. Добро е што сите медицински лица на Инфективна работат со целосна заштитна опрема, така да ризикот да се заразени и други медицински лица е многу мал, рече Филипче.


Од истата категорија