Американската разузнавачка агенција ЦИА, во последниот објавен извештај за Балканот, го опишува како „експлозив подготвен да експлодира“.

Фокусирајќи се на сите земји, ЦИА во својот извештај наведува дека Албанија останува клучна земја за перење пари, трговија со оружје, наркотици и имигранти.

– Според американската Агенција за разузнавање, нашата земја и понатаму има проблеми со перење пари, како и канали за шверц со наркотици и оружје. За ЦИА, Албанија се уште се смета за клучна земја за производство на канабис и активна точка за транзит на дрога, наведува весникот „Коха јон“.

Во извештајот, Агенцијата предупредува на зголемување на ризикот од тероризам во Црна Гора. Се додава дека јапонската секта Aum Shinrikyo ја зајакнува мрежата во Црна Гора иако поголемиот број од членовите биле протерани пред две години.

Што се однесува до Србија, ЦИА оценува дека оваа земја не ги решила граничните проблеми со Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина. Се посочува дека патот за транспорт на хероин од Азија во Европа поминува низ Србија и дека нејзината економија е чувствителна кога станува збор на перење пари.

Во Босна и Херцеговина, стои во извештајот се третира проблемот со перење пари и корупцијата,но оти судството е многу слабо. Исто така се наведува дека Хрватска е транзитна земја за шверц на кокаин од јужна Америка кон западна Европа.