Оние кои што ги сакаме може да се поранливи од нас на коронавирусот, затоа, прифати ги заштитните мерки за да можеме набргу, одново, исто како порано, да ги прегрнеме оние кои што ги сакаме, порачува грчкиот тенисер Стефанос Циципас во видео пораката за Ковид-19, објавена на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина.
-Ниту еден наш чекор не е навистина безгрижен ова лето. Бидејќи, враќајќи се од нашиот одмор, секој твој чекор, секој мој чекор, на секој млад, нè приближува до нашите родители, баби и дедовци. Оние кои што ги сакаме може да се поранливи од нас на коронавирусот. Затоа прифати ги заштитните мерки, биди одговорен на секој твој чекор, за да можеме набргу, одново, исто како порано, да ги прегрнеме оние кои што ги сакаме, вели грчкиот тенисер во видеото.
Видеото на Циципас завршува со пораките „споделуваме спомени, не вирус“ и „остануваме безбедни“, што се дел од кампањата на грчката Влада наменета во главно за младите кои што се враќаат од одмор.