Размислувањата за евентуални рестрикции в есен поради епидемијата од коронавирус, се должат на стравот дека мерките за заштита нема да се почитуваат во затворените простории, изјави за ТВ Телма директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Александар Стојанов.

– Сите услови се за да се влоши состојбата. Во тој контекст сакаме да направиме протокол, кои параметри треба да ги дадеме за да ги вратиме рестриктивните мерки таму каде што се собираат луѓе, кафеани, ресторани, ноќни клубови, трговски центри. Дали тоа ќе биде полициски час, затоа што преку ден децата ги нема, а навечер повторно се јавувааат тие гужви. Летово младите се повеќе активни, добро е што се надвор, не се внатре, но во есенскиот период ќе бидат внатре. Ќе видиме како ќе се одвива тоа. Факт е дека не се почитуваат мерките, вели Стојанов.