За време на викендот како и на почетокот на следната недела под периферно влијание на циклонски систем и поле на низок воздушен притисок кој ќе биде распространет над Атлантикот како и над западна Европа времето во нашата држава ќе биде умерено, локално и значително облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд особено во понеделник, најавува метеорологот Славчо Попоски.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мало опаѓање и веќе на почетокот на следната недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени што значи и понатаму ќе бидат над просекот за месец ноември.