По многу одлагања и протекувања ексклузивни информации, видеоиграта „Ред дид редемпшн 2“ конечно излезе во продажба, ги собра највисоките оценки и заработи 725 милиони долари само за три дена.

Високата заработка се должи на најголемиот број предвремени нарачки од која било игра за „плејстејшн“ претходно.

Сепак, таа сума не беше доволна за да го собори рекордот на ГТА 5, кој во 2013 година во првите три дена заработи над милијарда долари.