Циклонот кој се фомира во заливот на Џенова ќе донесе поголемо заладување во регионот од совенечките Алпи до делови на Македонија. На некои места се предупредува од изразени метеоролошки неприлики, како силни бури, грмотевици, и град.
Словенечките метеоролози велат дека заради циклонот кој се формира во Џенова и пред се заради топлото море, има идеални услови за формирање силни бури и врнежи од град во некои региони. Промената на времето во Словенија се очекува во сабота, со тоа што во недела температурите ќе паднат и под 20 Целзиусови степени, а на планинските врвови над 2000 метри се очекува снег.
Промена на времето и пад на температурите за околу десет степени се очекува и во Хрватска и во Србија.
Управата за хидрометеорлошки работи на Македонија на својата веб страница најавува поголема промена на временските услови во недела и в понеделник. Се очекуваат поројни врнежи, засилен ветер, а не накои места и невреме. Температурите ќе опаднат за 6 до 8 степени.