Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел, напиша на Твитер поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, додавајќи дека неодредениот датум за почеток на пристапни преговори за С. Македонија е порака на слабост и пораз за европска структура, jави дописничката на МИА од Атина.
-Одлуката на Европскиот совет да отфрли почеток на пристапни преговори за С. Македонија е порака на слабост и пораз на европската структура. Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел. Ќе продолжиме да се бориме за иднината и за обединетоста на Европа. Тоа им го должиме на нашите народи, напиша Ципрас на Твитер.