Не може да бараш солидарност и поддршка од земјите од ЕУ и да се однесуваш без солидарност и поддршка на островите на грчката територија, вели лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во изјавата за последните случувања на Лезбос и Хиос, како и за владината политика во мигрантското/ бегалското прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас го повикува премиерот Кирјакос Мицотакис, „дури и во последен момент да ја промени рутата“ и да го отповика законскиот акт затворените центри, да ги повлече специјалните полициски единици од островите и да ги прекине градежните работи за „изградба на затвори“.

-До степен до кој Мицотакис ќе го напушти безизлезниот избор на авторитаризам и насилство, СИРИЗА, како одговорна опозиција е подготвена да поддржи создавање и спроведување на националниот план за управување со бегалската и мигрантската криза. Со дијалог со локалните заедници, за да ги растеретиме нашите острови. Но, ако инсистира на безизлезни и авторитарни избор, ние нема да имаме друг избор, освен да сме наспроти владата, а заедно со нашите сограѓани на островите кои со право се борат и се спротивставуваат. Бидејќи не можеш да бараш солидарност и поддршка од земјите од ЕУ и да се однесуваш без солидарност и поддршка на островите на грчката територија, рече Ципрас.